Ѓоковиќ преку Рубљов до деветтото финале на Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ-преку-Рубљов-до-деветтото-финале-на-Мастерсот-во-Париз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз, откако во полуфиналето го совлада Андреј Рубљев во три сета со 5:7, 7:6(7:3), 7:5.

Ѓоковиќ одлично го започна полуфиналето, со брејк во првиот гем, но Рубљев возврати во следниот и најави голема борба. Уште еден брејк во 12.гем му овозможија на рускиот тенисер предност од 1:0.

Вториот сет беше решен во тај-брејк. Два мини-брејка му беа довлни на Ѓоковиќ за ‘.3 и 1:1 во сетови.

Ѓоковиќ имаше две врзани брејк топки на почетокот на третиот сет. Сепак, Рубљев успеа да се извлече од таа ситуација, а потоа се до 12. гем немаше брејк топки. На сервис на Рубљов, Ѓоковиќ ја искористи топката за брејк, која беше и топка за пласман во финалето. Новак трета година по ред ќе игра во финалето на овој Мастерс.

Во деветтото финале на Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ седмата титулата ќе се обиде да ја освои против Бугаринот, Григор Димиторв. Финалето се игра утре од 15 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK