Приведен измамник од прилепско, баран со две потерници поради бегство од затвор

Приведен-измамник-од-прилепско-баран-со-две-потерници-поради-бегство.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (04.11.2023) во 16.30 часот на ул.”Охридска” во Битола, Оперативен тим Потраги го лиши од слобода Д.Р.(65) од с.Кривогаштани, прилепско. Тој се барал по 2 централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, во врска со сторени кривични дела по чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години, во врска со чл.252 од Кривичниот законик.


Лицето е предадено во СВР Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK