Поминаа 2 години, половина од мандатот како локална власт на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид.Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати. ДПМНЕ и Пецаков создадоа поголеми сметки за охриѓани за над 40%. Поголема цена на паркинг, зголемени услуги на градски пазар за 35%. Зголемена е цената и на гробарината и на гробните места за 75%, рече на денешната прес конференција Кристина Крлеска од ОО СДСМ Охрид.
– Наспроти ветувањата од ДПМНЕ и Пецаков, нема изградба на нова градинка ниту обнова на постоечките. Нема нова станица за отпад, нема нова катна гаража. Не е обновен плоштад Крушевска Република. Нема нови 4 терени за баскет, нема нови спортски терени.Нема бесплатен превоз за пензионери ниту за лица со посебни потреби Нема набавка на специјален пловен објект наменет за чистење на Охридско езеро од отпадоци. Гарантираа инвестиции и нови работни места. Нова инвестиција нема!, додаде таа.