Две години локална власт, ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните

1693122363_sdsm-sedishte.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори, велат СДСМ во партиско соопштение.


– Резултатот на локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини е 0 проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми. Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки. Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги, паркинг, – велат од патијата на власт.

Од СДСМ додаваат дека „наместо развој локалните власти на ДПМНЕ озбезбедија нови долгови и партиски вработувања. На половина од мандатот на виделина исплива поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK