Главниот град на Индија повторно најзагаден: затворени се училиштата, луѓето се чувствуваат лошо

Главниот-град-на-Индија-повторно-најзагаден-затворени-се-училиштата-луѓето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индискиот главен град Њу Делхи денеска е обвиен со дебел слој на токсично загадување, поради што некои училишта се затворени и се забележува зголемување на здравствените проблеми.


Главниот град на Индија повторно е прв на листата на градови со најзагаден воздух што ја состави швајцарската групација IQAir.

Индискиот главен град беше на 640 на AQI скалата денеска, што се смета за „опасно“ ниво. На второ место е пакистанскиот град Лахоре со 335, пренесува Ројтерс.

Регионалните власти соопштија дека загадувањето на воздухот е предизвикано од комбинација на пониски температури, недостаток на ветер и палење на нивите на околните фарми.

Многу од 20-те милиони жители на Њу Делхи се пожалија на печење на очите и болки во грлото бидејќи воздухот стана темно сив.

„Во последните 24 часа видов бебиња како кашлаат, деца кои доаѓаат со тешкотии и забрзано дишат“, напиша докторот Ахид Кан од Делхи на X.

Официјалните лица предупредија дека лошиот квалитет на воздухот може да продолжи и во следните две до три недели.

AQI од 0-50 се смета за добар, додека нешто помеѓу 400 и 500 влијае на здравјето на луѓето и е опасно за оние со постоечки болести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK