Ердоган повика на итен прекин на огнот во Газа: Да ги запреме злосторствата против човештвото

Ердоган-повика-на-итен-прекин-на-огнот-во-Газа-Да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, велејќи дека во Газа се случуваат злосторства против човештвото. Ердоган досега и даваше силна поддршка на палестинската страна за време на конфликтот со Израел.


„Нема начин да се објасни или оправда бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври. Да бидам искрен, во Газа се вршат злосторства против човештвото точно 28 дена“, рече Ердоган за време на самитот во главниот град на Казахстан, Астана.

„Наш приоритет е брзото воспоставување на хуманитарен прекин на огнот. Турција работи на нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK