(Видео) „Борците на Хамас излегоа од тунелот, бевме опколени од неколку страни“, израелски војник опишува како изгледаат борбите на теренот во Газа

Видео-„Борците-на-Хамас-излегоа-од-тунелот-бевме-опколени-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија на социјалните мрежи видео од разговор со војник кој наводно во текот на ноќта се судрил со припадниците на Хамас.



Тој рече дека борците на Хамас скокнале од тунелот, испукале противтенковски ракети врз израелските сили и се обиделе да се качат на израелско оклопно возило.

На тој напад одговориле израелските војници и ги насочиле авионите и нападите врз членовите на Хамас, при што некои од нив убиле, а другиот дел избегал.

„Борците на Хамас излегоа од тунелот и бевме опколени од неколку страни. Почнаа да пукаат со минофрлачи. Благодарение на добрата подготовка, успеавме да им се спротивставиме и убивме еден дел од милитантите, а другите ги избркавме. Продолжуваме со копнени напади“, рече војникот на ИДФ.

Израелските лидери изјавија дека Хамас ќе биде избришан од лицето на Земјата и дека Газа никогаш нема да се врати на она што беше.

Влегувањето во Појасот Газа значи борби од куќа до куќа и носи огромни ризици за повеќе од два милиони цивили. Официјални лица во Газа, управувана од Хамас, велат дека повеќе од 8.000 луѓе веќе се убиени, а стотици илјади други ги напуштиле своите домови.

ИДФ има дополнителна задача – спасување на повеќе од 200 заложници, кои се држат на непознати локации низ Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK