Вчера, во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода 36-годишниот Н.Д. од Битола, извести МВР.
– Тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката. Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.