Соединетите Американски Држави вршат фронтален напад врз Русија, вели амбасадорот на Руската Федерација во САД, Анатолиј Антонов.
„Гледаме фронтална офанзива против Русија од сферата на политиката и економијата до прашањето за човековите права. Во суштина, секаде се обидуваат да го спречат развојот на нашата држава и да не дозволат да се зголеми благосостојбата на обичните луѓе“, вели Антонов.
Според него, американските санкции против Москва се хаотични и немаат смисла. „А нивната задача е една: да не боцкаат и не е важно што штетата од таквите постапки е многу поголема за западните земји отколку за Русија“.
САД имаат за цел да го разнишаат внатрешното единство на Русија, а на тој пат Американците продолжуваат да ги кинат последните нишки, кои им овозможуваат на многу западни земји да „пливаат“, пренесе „РИА Новости“.
Коментарот на амбасадорот уследи по вчерашната одлука на Вашингтон уште еднаш да ја прошири листата на санкции против Москва.
Овој пат на списокот имало уште 37 физички лица, а тоа се лица кои не се само од Русија, туку и од Ирска, Шведска, ОАЕ, Турција, Кипар и други земји. Нови мерки се воведени и против правни лица, вкупно над 190 фирми од различни земји.