(Видео) Вембањама го растури Феникс

Видео-Вембањама-го-растури-Феникс.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Виктор Вембањама блесна во полн сјај. Првиот пик од годинешниот драфт го предводеше Сан Антонио до победата над Феникс Санс 132:121.


Избраниците на Грег Поповиќ брилијантно го отворија натпреварот. Првата четвртина ја добија со 39:20 и сигурно ја задржаа двоцифрената разлика. Во последниот период влегоа со плус 14 и се чинеше дека рутински ќе победат.

Сепак, тогаш Санси почнаа да се будат. На крилата на Дурент и Букер почнаа да ја топат предноста и стигнаа до 116:116 на четири минути до крајот. И кога се очекуваше пресврт, на сцена стапи Вембањама.

Вембањама постигна 10 поени во серијата на Сан Антонио од 12-0 и со тоа дефинитивно го реши натпреварот. Покрај 19.годишникот се истакнаа Колинс со 19 поени и осум скока, како и Васел со 17 поени.

Речиси трипл-дабл учинокот на Букер (31 поен, девет скока и 13 асистенции) и 28-те поени на Кевин Дурент не беа доволни за Феникс.



Филаделфија со Џоел Ембиид го декласира домаќинот Торонто со 114:99.

Ембиид за 35 минути постигна 28 поени, 13 скока и седум асистенции. Убре застана на 23 поени, исто како и Тобијас Харис. Кај Торонто се истакна Скот Барнс со 24 поени и по осум скока и асистенции.

Си-Џејј Мекалум игра во одлична форма и со 33 поени беше најзаслужниот за триумфот на Њу Орлеанс против Детроит 125:116. Дабл-дабл учинок оствари Литванецот Валанчиунас со 23 поени и 13 скока. Канингем за Детроит постигна 22 поени и 11 асистенции.

Поените на Банкеро на 14 секунди пред крајот му донесоа водство на Орландо од 114:113 против Јута, а триумфот го потврди Блек од линијата за слободни фрлања за конечни 115:113. Споменатиот Банкеро имаше 30 поени, додека кај Јута најефикасни беа Марканен со 22 и Кларксон со 21 поен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK