Познато е кој го киднапирал таткото на Луис Дијаз

Познато-е-кој-го-киднапирал-таткото-на-Луис-Дијаз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Таткото на колумбискиот фудбалер, Луис Дијаз бил киднапиран од герилската група на Ослободителната национална армија (ЕЛН), соопштија колумбиските власти.


„Денес официјално знаеме дека киднапирањето на таткото на колумбискиот фудбалер Луис Дијаз го извршила единица на ЕЛН, последната герилска група која се уште е активна во Колумбија“, објави колумбиската влада.

Родителите на напаѓачот на Ливерпул Луис Дијаз во саботата беа киднапирани од непознати лица во градот Баранкас.

Мајката на Дијаз била спасена, но се уште се трага по неговиот татко. Колумбиската војска објави дека ја продолжува потрагата со поддршка на „два моторизирани водови, беспилотни летала, контролни пунктови, хеликоптери, авиони со специјализиран радар и повеќе од 120 луѓе“.

Исто така, се наведува дека владата во моментов преговара со ЕЛН барајќи негово „итно ослободување“ и ги потсетува ЕЛН „дека нивна одговорност е да го гарантираат неговиот живот“, се вели во соопштението потпишано од Оти Патино, официјалниот владин преговарач со најголемата герилска група на континентот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK