Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека присилната евакуација на болниците во Појасот Газа може да ги загрози животите на стотици пациенти.
„На 23 болници им е наредено да се евакуираат во градот Газа и северна Газа, а присилната евакуација под овие околности би ги загрозила животите на стотици пациенти“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
На прес-конференција во Женева, Тедрос повторно повика на хуманитарна пауза во војната меѓу Израел и Хамас за да им се помогне на илјадниците повредени.
21.000 се повредени од двете страни, а 1,4 милиони се раселени во Газа, додаде тој.
„Ни снемува зборови за да го опишеме ужасот што се случува во Газа“, рече Тедрос.