(Скопје, 02.11.2023) – Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се во постојано опаѓање и за трипати пониски од дозволените гранични вредности. Ова се потврдува во секој квартален извештај што го објавува компанијата, а истото се покажа и во резултатите од мерењата за третиот квартал од годинава.
Мерењата се спроведуваат на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи. Параметрите и вредностите според кои се прават мерењата се соодветни на параметрите од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во овој период на мерната точка „Оџак на пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3, најниска вредност е измерена во август и изнесува 4,83 mg/Nm3, а највисока во јуни со измерени вредности од 11,91 mg/Nm3 што е една третина од граничната дозволена вредност. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во април и изнесува 0,15 mg/Nm3, а највисоката е во февруари со 7,82 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3 и највисоката измерена вредност повторно е една третина од граничната. Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил се пониски и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.
Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за унапредување на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата за заштита на животната околина.
Во продолжени на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до септември, 2023 година.
Емисиони вредности на цврсти честички од емисиона точка А1.1. – Оџак од филтер постројка, за периодот јануари – септември 2023
Емисиони вредности на цврсти честички од емисиона точка А13 – Оџак од пескара
за периодот јануари – септември 2023