Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка за судиите од Врховниот суд, кои се под страшен притисок со барањата за враќање на Никола Груевски, велат од алабнскиот опозициски фронт.
„Како што знаеме и како што добивме информации од свиркачи, ДУИ и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите од овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претвориле во тиран, и дека со нивната сила и политичка Албански опозициски фронт: Бескомпромисна поддршка за судиите во Врховниот суд, тие се под невиден притисок од ДУИ да го вратат Груевскимоќ сакаат да го убијат секој столб на демократијата.
Тоа воопшто не е за чудење, туку е уште еден показател кој треба да ни послужи како освестување за сите нас, дека оваа политичка партија стана синоним на лицемерие, дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикува на истите“, велат од овие партии.
Според нив, не може некој да биде проевропски настроен а да врши притисок врз судството.
„Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја коруптивна афера. Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата. Ова е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за ЕУ и уставните измени. Тие имаат потреба Груевски да се обиде да направи политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во концентрациона влада, пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ. Искрено жалам за нивото на кое паднаа Али Ахмети и ДУИ, а тоа народот жестоко ќе го казни на денот на изборите“, велат од албанскиот опозициски фронт.
Ја нагласуваат нивната бескомпромисна поддршка на судиите од Врховниот суд и ги повикуваат да судат според законот.
„Правдата пред се, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото“, поитенцираат од оваа партија.