Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против 45-годишната Д.Б. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против 36-годишниото лице со иницијали Д.Џ. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“, извести МВР.
„Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија. По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото“, соопшти МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.