Левица: Касами ќе го реновира стадионот во Тетово само за потребите на Шкендија

Левица-Касами-ќе-го-реновира-стадионот-во-Тетово-само-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го презеле Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзани да инвестираат 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари“, велат од Левицата.



„Но, оттогаш до сега не е реновиран стадионот! Бидејќи обврска на концесионерот е да изврши реконструкција на стадионот а истото не го сторил до сега, Општина Тетово требало да го раскине договорот за концесија, а не да го спасува концесионерот од обврските кои требало да ги исполни!!

Наместо заштита на спортските клубови и заштита на Градскиот стадион во Тетово, Касами објави дека ќе започне реконструкцијата на Стадионот во Тетово кој практично и припаѓа само на екипата на Шкендија !

Поради тоа што Општина Тетово го има дадено Градскиот стадион под концесија и на истиот игра само Шкендија, страдаат македонските женски и машки екипи во фудбал со седиште во Тетово и немаат можност да играат мечеви додека не им дозволи општината“, прашуваат од партијата Левица.

Од таму бараат раскинување на договорот за концесија и враќање на Градскиот Стадион во единствена сопственост на Општина Тетово со еднакви услови за користење на истиот и на македонските екипи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK