Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 327 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 35 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.