Денеска во село Сурленци, ресенско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Ресен го лишиле од слобода 47-годишниот М.Т. од село Сурленци, ресенско, извести МВР.
– При тоа биле пронајдени и одземени исечени околу 11 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.