Јордан го повлече амбасадорот од Израел. „Ова е катастрофа без преседан“

Јордан-го-повлече-амбасадорот-од-Израел-„Ова-е-катастрофа-без.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јордан одлучи веднаш да го повлече својот амбасадор од Израел за да изрази протест и осуда за израелската војна во Газа, која „предизвикува хуманитарна катастрофа без преседан“, соопшти Министерството за надворешни работи. „Денеска министерот за надворешни работи Ајман ал-Сафади одлучи веднаш да го повлече јорданскиот амбасадор во Израел“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.


„Ја отфрламе и ја осудуваме тековната израелска војна во Газа која убива невини и предизвикува хуманитарна катастрофа без преседан“, се додава. Јорданскиот шеф на дипломатијата, исто така, го упати своето министерство да го извести израелскиот колега „да не го враќа назад својот амбасадор, кој претходно го напушти кралството“.

Ал Сафади рече дека амбасадорите можат да се вратат кога „Израел ќе ја прекине војната во Газа, хуманитарната катастрофа што ја предизвикува и ќе престане со мерките за лишување на Палестинците од нивното право на храна, вода, лекови и да живеат безбеден и стабилен живот“. Јордан потпиша мировен договор со Израел во 1994 година, со што стана втората арапска земја која воспостави дипломатски врски со Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK