Две тепачки во центарот на Скопје, полицијата ги расчистува случаите

Две-тепачки-во-центарот-на-Скопје-полицијата-ги-расчистува-случаите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 20-годишниот Г.Х. и 21-годишниот Д.В., двајцата од Скопје, извести МВР.


По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полицијата исто така соопшти дека денеска во 03.55 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.У. од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK