Вчера попладне во 14.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Итна медицинска помош Куманово со повреди бил донесен 56-годишниот Т.С. од Куманово, извести МВР.
– Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место во фабрика во село Доброшане, кумановско, соопшти МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Куманово и трудов инспектор.