Лидерот на Хамас: Со Израел нема друга опција освен насилство

gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гази Хамад, еден од лидерите на Хамас, рече дека Израел со својата политика не им оставил на палестинските милитанти од Појасот Газа друга опција освен насилство.


„Имаме право да се бориме против напаѓачите“, изјави за „Кориере дела сера“ Хамад, кој е член на политичкиот совет на Хамас и кој Израел го бара како терорист.

Во интервјуто што го даде од Бејрут, тој оцени дека Хамас покажал дека Израел е поразлив и дека операцијата„ Ал Акса“ што ја започнаа палестинските милитанти на 7 октомври на израелска територија го „менува Блискиот Исток“.

Хамад изјави дека милитантите не планирале да убијат 1.400 цивили на израелска територија и дека тоа е војна која трае со години.

„Се сеќавам на најмалку шест големи конфликти од 2009 година. Во повеќето случаи, Израел го избра моментот, а сега иницијативата е наша. Зошто? Поради кршењето на палестинските права на Западниот Брег и Газа, поради малтретирањето на цивилите на контролните пунктови, убиени во Џенин, Наблус, Ерусалим, поради инертноста на различни посредници (Египќани, Катар, ОН). Моравме да ги преземеме работите во свои раце“, рече еден од лидерите на Хамас.

Тој рече дека без оглед на повеќе од 8.000 палестински жртви, Хамас е подготвен да го продолжи конфликтот, бидејќи, според него, израелската политика не им остава ништо друго освен насилство.

„Гледате, тука има само два патишта: мир или насилство. Махмуд Абас (палестинскиот претседател, ривал на Хамас) е човек на мирот, тој е секогаш тука да разговара и по 30 години разговор, што постигна? Помалку од нула“, рече Хамад.

Според него, зголемен е бројот на израелски доселеници, конфискацијата на палестинските земји и изолираните делови на Западниот Брег.

Ова не е само политика на екстремистичката влада на Нетанјаху, рече тој, додавајќи дека никогаш не било добро време да им се отстапи нешто на Палестинците, само да се прошири израелската контрола.

„Тие не ни оставија ништо друго освен насилство. Израел ја има ароганцијата на некој што ги има Американците зад себе и не се грижи за меѓународното право. Размислете: зошто да го слушаме Хамас ако можеме да го победиме? Па, згрешија, операцијата „Ал Акса“ го менува Блискиот Исток“, рече тој.

Изјави дека Палестинците се жртви на окупацијата и дека според меѓународното право Хамас има целосно право „да се бори против напаѓачите“.

Тој изјави и дека на 7 октомври Хамас го уништил митот за Израел како воена суперсила и според него покажал дека може да се победи.

Не можевме без последици, но подготвени сме повторно да ја платиме цената“, заклучи Хамад, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK