Вчеравечер околу 22 часот и 40 минути полициски службеници од СВР Тетово го привеле 21-годишниот Џ.Ж. од Република Косово.
Тој бил пријавен од В.М.(48) од Тетово дека на 18-ти септември на улицата 29 Ноември во Тетово физички го нападнал неговиот син и потоа со возило се оддалечил од местото.
Џ.Ж. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.