Грозоморни сцени од местото на нападот на бегалскиот камп во Газа: „Тела висеа на урнатините“

Грозоморни-сцени-од-местото-на-нападот-на-бегалскиот-камп-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сведокот на нападот, Мохамад Ал Асвад, изјави дека на местото на нападот во Џабалија, сцената била ужасна.


„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а сивата прашина го исполни воздухот. Тела висеа на урнатините, многу од нив беа непрепознатливи. Некои крвареа, а други изгореа“, рече тој.

Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем во наредните часови, бидејќи се уште трае потрагата по телата на цивилите кои преживеале затрупани под урнатините.

Во нападот на бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа на периферијата на градот Газа, според последните информации што ги објави индонезиската новинска агенција од Газа, загинаа најмалку 50 лица, а околу 150 лица се повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK