Египет, Хамас и Израел се договорија за ограничена евакуација од Појасот Газа, со посредство на мала арапска земја

Египет-Хамас-и-Израел-се-договорија-за-ограничена-евакуација-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Египет, Израел и Хамас, со посредство на Катар и во координација со САД, постигнаа договор да им се дозволи на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили во Појасот Газа да ја напуштат областа, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор.


Агенцијата додава дека нема временска рамка до кога ќе биде отворен преминот Рафа, на границата со Египет.

Ројтерс објави дека Катар посредувал за договор меѓу Египет, Хамас и Израел, во координација со САД, за отворање на преминот Рафа.

Палестинската милитантна група Хамас претходно денеска објави список на луѓе на кои им е дозволено да го напуштат Појасот Газа преку преминот Рафа.

Списокот што го објави Палестинската гранична управа на Фејсбук, вклучува државјани на Австралија, Австрија, Бугарија, Индонезија, Јордан, Финска, Чешка и Јапонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK