Кендрик Нан кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос.
Ова го потврди првиот човек на клубот Димитрис Јанакопулос на својот Инстаграм профил.
„Кендрик Нан од денеска е член на Панатинаикос“, напиша Јанакопулос.
Новото засилување во ПАО пристигнува ден по победата над Олимпијакос. Интересно, во текот на летото Нан се поврзуваше и со Олимпијакос.
Нан ги помина последните четири години во НБА, играјќи за три различни франшизи.
Минатата година беше во Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс, одигра вкупно 70 натпревари каде имаше просек од 7,1 поен, 1,6 скока и 1,3 асистенции.
Тој го носеше и дресот на Мајами, тој период му беше најдобар во кариерата, бидејќи на 67 настапи имаше просек од 15,3 поени, 2,7 скока и 3,3 асистенции по натпревар.