„Газета дело Спорт“: Се договорија Влаховиќ и Јувентус

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ наскоро би требало да го продолжи договорот со клубот до јуни 2027 или 2028 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Италијанските медиуми потсетуваат дека Влаховиќ има договор со Јувентус до јуни 2026 година.

Српскиот фудбалер наводно бил блиску до одлука да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, но решил да остане во редовите на „старата дама“.

Челниците на Јувентус се задоволни од настапите на српскиот репрезентативец, поради што сакаат да ја продолжат соработката со Влаховиќ.

„Газета дело спорт“, наведува дека менаџерот на српскиот напаѓач во наредните денови ќе се сретне со претставници на Јувентус, а зделката треба да биде официјализирана пред натпреварот со Фиорентина, кој ќе се одигра в недела во Фиренца.

Доколку Влаховиќ прифати продолжување на договорот би требало да заработува 7,5 милиони евра годишно плус бонуси. Со бонуси во последната година од договорот со торинскиот клуб би можел да заработи 12,5 милиони евра.

Влаховиќ (23) пристигна во Јувентус во јануари 2022 година од Фиорентина за 80 милиони евра.

Српскиот напаѓач одигра 71 натпревар за Јувентус во сите натпреварувања и постигна 27 голови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK