Народната банка започнува со објавување квартални податоци за финансиските сметки, состојби

Народната-банка-започнува-со-објавување-квартални-податоци-за-финансиските-сметки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имајќи ја предвид потребата од обезбедување навремени и сеопфатни податоци за финансиските средства и обврски на секторите во националната економија, Народната банка од октомври 2023 година за првпат ќе започне со објавување нови статистички податоци ‒ квартални податоци за финансиските сметки, состојби. Со тоа се збогатува сетот на статистички податоци, односно аналитичката вредност на статистичките податоци коишто ги објавува Народната банка и им се овозможува на носителите на економските политики и на останатите корисници да располагаат со пофреквентни податоци за финансиските сметки, коишто како годишни податоци редовно се објавуваат почнувајќи од 2020 година, велат од Народната банка.


Податоците се прикажани во стандардизирани извештајни табели на неконсолидирана основа за секој институционален сектор на домашната економија, како и за секторот странство.

Во моментов е објавена временската серија за периодот од 2016 година наваму, а во иднина, податоците ќе се објавуваат со редовна квартална динамика, четири месеци по истекот на кварталот на кој се однесуваат (во согласност со календарот за објавување податоци). Со подготовката на кварталните податоци се направи и ревизија на временската серија на годишните финансиски сметки од 2016 година до 2021 година, којашто произлезе од подобриот опфат, промената на изворите на податоци и новите и подобрени пресметки за одредени инструменти.

Објавувањето на овој нов сет податоци e продолжение на напорите на Народната банка за следење на меѓународните и европските статистички барања, но воедно претставува и исполнување на последниот показател во рамките на највисокиот статистичкиот стандард за дисеминација на податоците СДДС плус на Меѓународниот монетарен фонд, во надлежност на Народната банка. Овој показател, според преземената обврска за пристапување кон СДДС плус, треба да се подготви до завршувањето на транзицискиот период, во јануари 2024 година, се наведува во соопштението на НБ.

Податоците и методолошките објаснувања се достапни на следнава врска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK