Омер, 22-годишниот син на Шаи Венкерт, беше киднапиран на 7 октомври од музичкиот фестивал „Супернова“ во јужен Израел.
Таткото последен пат се слушнал со Омер во 7:15 тоа утро. До пладне кружеше фотографија на која Омер е однесен жив во Газа само со долна облека и лисици.
„Многу ми недостига. Не сум го видел 25 дена“, изјави неговиот татко за Би-Би-Си.
Венкерт е еден од неколкуте заложнички семејства кои вчера се сретнаа со израелскиот претседател Исак Херцог.
Тој вели дека средбата му дала „повеќе сила“ и дека владата и израелската армија „даваат се од себе за да го вратат Омер дома“. Венкерт понатаму вели дека војната „не е само во Израел“.
„Она што се случи е светска војна, не само против Евреите туку и против целиот човечки род“, рече тој.