Maјката на Шани Лук – девојката со германско-израелско потекло чијашто смрт беше потврдена вчера, рече дека нашла одредено олеснување во фактот што нејзината ќерка не страдала, односно најверојатно била убиена во раните денови на Хамас, пишува NY Post.
23-годишната уметничка на тетоважи стана симбол на ужасот од изненадувачкиот напад на Хамас на фестивалот во близина на Кибуц Реим, откако стана вирално видеото од парадирањето на Хамас со нејзиното тело како трофеј низ улиците на Газа.
Нејзината мајка Рикарда првично мислела дека нејзината ќерка го преживеала нападот и дека била во несвест додека ја возеле низ Појасот Газа.
Таа сега вели дека верува оти Шани бил убиена истиот ден кога Хамас го започнал својот ненадеен напад, веројатно со истрел во глава.
„Барем не страдала долго“, вели мајката во интервју за RTL.
Таа рече дека телото на нејзината ќерка сè уште не е пронајдено, но парче коска на черепот е пронајдено и испратено на ДНК тест кој потврдил дека е нејзина.
Израелскиот претседател Исак Херцог во понеделникот потврди дека ДНК-та пронајдена на фрагментот од черепот се совпаѓа со Лук.
„Ова значи дека тие варварски, садистички животни едноставно и ја отсекле главата додека напаѓале, мачеле и убивале Израелци“, изјави Херцог за германскиот весник „Билд“.
„Тоа е голема трагедија и изразувам длабоко сочувство до нејзиното семејство“, додаде тој.