Два беспилотни летала нападнаа ирачка воздушна база во која се стационирани американски војници

Два-беспилотни-летала-нападнаа-ирачка-воздушна-база-во-која-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два вооружени беспилотни летала ја нападнаа ирачката воздухопловна база Аин ал Асад, каде што се стационирани американските сили, но нема жртви или штети, изјавија денеска безбедносни и владини извори во Багдад за Ројтерс.


Во понеделникот напад врз воздухопловната база Аин ал Асад, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили во западен Ирак, беше извршен со четири ракети „Качуша“, соопштија безбедносни извори, а не се знае дали има жртви или штета во овој напад, според британската агенција.

Ракетите биле истрелани од пустинска област на околу 25 километри северно од базата, а ирачките безбедносни сили започнале потрага по напаѓачите, соопштија два безбедносни извори.

Нападите врз американските сили во Ирак се интензивираа откако на 7 октомври избувна конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас. Ирачките милитантни групи поврзани со Иран се заканија дека ќе ги гаѓаат објектите што ги користат САД со ракети и беспилотни летала доколку Вашингтон му помогне на Израел во војната против Хамас во Појасот Газа, според Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK