Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем го доби Копа трофејот, за најдобра млад играч, на гала вечера во организација на „Франс фудбал“, на која ќе биде доделена и најпрестижната награда во светот на фудбалот, Златна топка.
Зад Џуд Белингем останаа Џамал Мусиала од Баерн, Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, како и триото на Барселона Балде, Гави и Педри.
Поранешниот играч од средниот ред на Дортмунд, а сега на Реал Мадрид е првиот англиски фудбалер кој го освоил трофејот Копа.
Белингем игра во неверојатна форма од почетокот на сезоната, во неделата со два гола ји пресуди на Барселона во Ел класико.