Реал ја освои Евролигата, а сезоната ја заврши во голем минус

Реал-ја-освои-Евролигата-а-сезоната-ја-заврши-во-голем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ EPA

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид со голема загуба ја заврши сезоната во која по рекорден 11. пат стана европски првак.

По драматична плејоф серија и чудесен пресврт, Реал Мадрид го исфрли Партизан и се пласираше на фајналфорот, а потоа со победи над Барселона и Олимпијакос стигна до европскиот трон.

Сепак, врвниот спортски резултат не беше проследен со финансиска добивка. Реал Мадрид минатата сезона ја заврши со минус од 27.800.000 евра.

Интересно, Реал заработи околу 22.000.000 евра, но тоа беше апсолутно недоволно да ги покрие вкупните трошоци кои дупло поголеми.

Најголемиот ривал на Реал, Барселона помина многу полошо. Каталонците објавија дека минатата сезона ја завршиле со катастрофален минус од 56.600.000 евра и поради тоа драстично го намалија буџетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK