(Видео) Ковачевски: Во резолуцијата не е спомнат терористичкиот акт на Хамас, затоа гласавме воздржано

Видео-Ковачевски-Во-резолуцијата-не-е-спомнат-терористичкиот-акт-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Генералното собрание на ОН се гласаше за резолуцијата за идно примирје во Појасот Газа каде што Северна Македонија гласаше воздржано.



„Северна Македонија го поддржува хуманитарниот аспект на јорданската резолуција, почитувањето на меѓународното хуманитарно право, неопходноста од заштита на цивилите и нивен пристап до основните животни потреби, струја, вода и лекови. Од друга страна голема слабост на резолуцијата е неспомнувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври, кој најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани, затоа и гласавме на канадскиот амандман на резолуцијата“, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

Според него, одлуката за гласање не била лесна.

„Одлучивме да гласаме „воздржано“ затоа што резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме и ги поддржуваме. Но отсуството на спомнувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври не остава простор за поинаков пристап во однос за гласањето“, кажа Ковачевски.

Премиерот вели дека треба да продолжат активностите на меѓународната заедница во обезбедување долгорочен мир и стабилност на Блискиот Исток

Тој повика да се погледнат гласањата на финалната резолуција и на канадскиот амандман кој што беше поднесен, како што кажа Ковачевски, со цел резолуцијата да биде комплетна, но не беше прифатен пред финалното гласање.

„Затоа голем број на држави постапија така како што постапи нашата држава. Амбасадорот Фрчовски нормално дека ставот го добил од МНР, кое е дел од Владата и се работи за наш став“, додаде Ковачевски.

За резолуцијата 120 држави гласаа „за“, 14 „против“, а 45 беа „воздржани“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK