„ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати – ова е поразителниот заклучок после изминат половина мандат на градоначалниците од ДПМНЕ во над 40 општини“, вели СДСМ.
„По две години има само безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.
Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните. Такви се примерите со Битола, Прилеп, Штип, но и многу други.
Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат.
ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги разочара граѓаните“, соопшти СДСМ.