Шеесет лица се приведени откако синоќа стотици антиизраелски демонстранти упаднаа на аеродромот во Махачкала во претежно муслиманскиот регион Дагестан во Русија, објави утринава руската новинска агенција РИА.
🇷🇺🇵🇸🇮🇱 | GUERRA ISRAEL-GAZA: Musulmanes cantan Allahu Akbar y persiguen a judíos que sospechan que están en un avión en el aeropuerto de Makhachkala-Daguestán, Rusia.pic.twitter.com/JQr3i3LA9W
— ShinRa News Network (@NewsShinra) October 29, 2023
РИА објави дека се идентификувани 150 од најактивните демонстранти. Во инцидентот наводно се повредени девет полицајци, од кои двајца се згрижени во болница.
L’aéroport de Makhachkala a été fermé en raison des troubles. Des vols en provenance de Nijnevartovsk et de Moscou tournent dans le ciel. Il est possible que des avions soient transportés vers les aéroports des républiques voisines. pic.twitter.com/OVwFevOjqO
— buckler🇫🇷🇪🇺🇺🇦 #NAFO (@bucklerbuckler1) October 29, 2023
Демонстрантите синоќа упаднаа на пистата и зградата на аеродромот во Махачкала, главниот град на Дагестан, руска република со мнозинско муслиманско население, по најавата за пристигнување на авион од Тел Авив. Тие бараа патници од Израел.
Руските органи на прогонот доцна синоќа соопштија дека сите „неовластени граѓани“ се отстранети од аеродромот во Махачкала и дека ситуацијата е под контрола. Воздухопловните власти соопштија дека аеродромот во Махачкала ќе остане затворен до 6 ноември.