Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит-серијата „Пријатели“, почина на 54 години.
Извори од полицијата потврдија за „Фокс њуз“ дека Пери бил пронајден мртов во својата када во саботата, на 28 октомври.
„Пери починал во очигледно давење во својот дом во населбата „Пацифик Палисадес, Лос Анџелес,“ изјавија извори за „Ен-би-си њуз“, вклучително и претставник на актерот и, органите на редот.
Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена.
Телевизиската група „Ворнер Брос“, која ги продуцираше сите 10 сезони на „Пријатели“ од 1994 до 2004 година, му оддаде почит на Пери: нашиот драг пријател и неверојатно надарениот актер.
„Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден што го крши срцето и ние ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, неговите најблиски и сите негови посветени фанови,“ напишаа од таму.
По малите улоги во Growing Pains, Beverly Hills 90210 и Dream On, Пери ја доби улогата на саркастичниот и невротичен Чендлер Бинг во Friends. Комедијата за шест пријатели кои живеат во Њујорк, брзо стана феномен, освојувајќи повеќе „Еми“ награди и рекордна гледаност. Финалето од 2004 година достигна повеќе од 52 милиони гледачи во САД, што ја прави најгледаната ТВ-епизода на 2000-те.