Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати и тие се еднакви со нула, рече Методија Илиевски од СДСМ.
„Неуспешното работење пробуваат да го прикриат со нарачани анкети. Но граѓаните не веруваат во тие анкети, граѓаните добро знаат дека нема реализација на ниту еден прокет во општините каде ДПМНЕ има свои градоначалници“, вели тој.