Анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека скоро 50 отсто од граѓаните сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат и одговориле со не знам, не сакам да кажам или нема да гласам.
За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,3 % од испитаниците, а за СДСМ 11,3%.
Опозициска коалиција меѓу Алтернатива, Беса и Демократско движење за првпат заедно имаат речиси еднаков рејтинг со ДУИ.
Од политичките лидери, најголемо водство има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (16,5%), пред Али Ахмети, претседателот на ДУИ (6,1%) и Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ (5,6%).
Мнозинство од граѓаните смета дека парламентарните и претседателските избори наредната година треба да се одржат заедно – 66,6 отсто од испитаниците.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите, во период од 25 до 27 октомври на 1.055 полнолетни испитаници во Македонија.