Во рамките на Министерскиот форум, министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со еврокомесарот Дидиер Рејндерс.
Еврокомесарот Рејндерс ги поздравил досегашните реформски активности за Македонија да се приклучи во европското семејство и да стане полноправна земја членка на Европската Унија.
Министерот Лога изразил задоволство што нашата земја е домаќин на еден од најзначајните настани токму во овој момент кога се прават клучните чекори за унапредување на преговорите.
„Интензивно сме посветени со сите наши капацитети за подготовка на Патоказот за Владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до нашата крајна цел – завршување на преговорите до 2030 година. Во исчекување сме на Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото. Овој чекор на Европската Унија претставува воспоставување на еднаква основа со земјите-членки во поглед на следењето на тековните реформи и ќе биде од особено значење за нас во процесот на забрзана интеграција“, се вели во соопштението од министерството за правда.