Италија праќа војска на границата со Словенија

Италија-праќа-војска-на-границата-со-Словенија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По неодамнешните настани, се поголем број земји од Европската унија почнаа да воведуваат привремени контроли на своите граници.


Како дел од овие мерки, Италија постави војска вооружена до заби на границата со Словенија, пишува Јутарњи.хр.

Италијанските војници недалеку од границата и помагаат на полицијата да го пренасочи сообраќајот од автопатот за да ги провери возилата и патниците.

Слична акција имаше италијанската армија пред три години кога испрати 50 војници да помогнат во кампањата „Безбедни патишта“, пред се со цел да се внимава на илегалната миграција долж границата со Словенија.

По Италија, на 21 октомври, словенечката влада воведе гранични контроли со Унгарија и Хрватска. Како и Италија, тие најавија дека контролите треба да траат најмалку 10 дена. Се очекува овие акции да бидат продолжени.

На сите 27 земји-членки на Шенгенот им е дозволено привремено да воведат гранични контроли „во случај на сериозна закана за јавниот ред или внатрешната безбедност“. Во моментов, според Европската комисија, 11 земји-членки на Шенген спроведуваат некаква форма на гранична контрола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK