Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ, рече денеска на прес конференција, Богданка Кузеска од СДСМ.
„Во Прилеп, ДПМНЕ за 300% го зголеми данокот на имот за граѓаните а прилепчани плаќаат повисоки сметки за 67%. Не се реализирани проектите од програмата на градоначалникот, ги нема ветените нови градинки, катни гаражи, кружен тек. Прилеп е во мрак и полн со ѓубре. Резултати нула! Во Битола е исто, не знаеш каде е полошо, нема проекти, нема резултати, а граѓаните плаќаат поголеми сметки. ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Удрија по џебот на граѓаните и со поскап паркинг, со укинато слободно паркирање. Во Аеродром е дури и полошо, ниту едно изборно ветување не е реализирано, ниту еден капитален проекти, буквално ништо. Ги нема ветените нови градинки, нова гимназија, ниту „зелено“ училиште. Нема нови 100.000 m2 паркови и зеленило. Нема нови 3.000 паркинг места, кружни текови, велосипедски, пешачки и трим патеки. Веќе се потрошени над 30 милиони евра пари на граѓаните а не се реализира ништо. Во Штип идентично лошо, без никакви резултати а зголемени сметки за народот. ДПМНЕ и Иван Јорданов ги покачија сметките за штипјани за 110% а поскап е и паркингот“, вели Кузеска.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ не ја оправдала довербата дадена на локалните избори.