Стотици луѓе во Њујорк уапсени додека протестираа против бомбардирање на Газа

Стотици-луѓе-во-Њујорк-уапсени-додека-протестираа-против-бомбардирање-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стотици луѓе беа уапсени кога полицијата разби голема демонстрација на претежно еврејски њујорчани кои ја презедоа главната сала на станицата Гранд Централ во знак на протест против израелското бомбардирање на Газа, соопштија полицијата и организаторите.


Полициската управа на Њујорк соопшти дека најмалку 200 лица се уапсени, додека организаторите на протестите ја наведоа бројката на повеќе од 300, пренесува агенцијата Франс прес.

Фотографиите од местото на настанот покажаа долги редици млади луѓе кои стојат со лисици и облечени во црни дуксери со натписи „Не во наше име“ и „Престани го огнот сега“ испечатени во бело.

Сликите го покажаа терминалот преполн со демонстранти кои кренаа транспаренти на кои пишуваше „Палестинците треба да бидат слободни“ и „Плачете по мртвите, борете се како пекол за живите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK