Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите ќе ги распише в среда или четврток.
Александар Вучиќ изјави дека „важно е луѓето да можат да го искажат своето мислење и својата слободна волја“.
„Да можете да слушате зборови на критики, навреди и клевети, но сепак луѓето рационално да донесат одлука каква иднина сакаат“, рече Вучиќ.
За 17 декември годинава се најавени вонредни парламентарни, покраински и белградски, како и локални избори во повеќе од 60 единици на локалната самоуправа.