Денеска околу 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром настанал пожар во угостителски објект, сопственост на 33-годишниот Х.М. од Скопје, извести МВР.
Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје, додаваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.