Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 19.00 часот го лишиле од слобода 57-годишниот гостиварец А.Ц.
Тој претходно бил пријавен од вработена во продажен објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар дека со закана кон неа одзел повеќе производи.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.