Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода 38-годишниот Р.К. од Скопје 18-годишниот и О.А. од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец, извести МВР.
Возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава, додаваат од МВР.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.