Додека неколку земји ширум светот повикуваат на „хуманитарни паузи“ во борбите за да се добие многу потребната помош за Газа, хуманитарните работници на ОН на територијата предупредија дека ќе останат без гориво до вечерва.
Во исто време, израелската војска го обвинува Хамас за складирање гориво, објавувајќи сателитска фотографија од десетина резервоари со гориво во Појасот Газа за кои велат дека содржат 500.000 литри гориво.
These fuel tanks are inside Gaza.
They contain more than 500,000 liters of fuel.
Ask Hamas if you can have some. https://t.co/Dlag6VdbMq pic.twitter.com/WXzZMFr8yI
— Israel Defense Forces (@IDF) October 24, 2023
„Прашајте го Хамас дали можете да набавите гориво“, се вели во одговорот до УНРВА.