Времето денес променливо облачно со повремени врнежи

1692079519_dozd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.



Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.

До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во четврток ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK