Објавена фотографија од напаѓачот во „Ист Гејт“: МВР апелира секој што има информација да пријави

Објавена-фотографија-од-напаѓачот-во-„Ист-Гејт-МВР-апелира-секој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи објави фотографија од напаѓачот од Ист Гејт кој денес пукаше кон две лица.


МВР апелира секој кој има сознание за лицето или го забележи, веднаш да пријави.

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или анонимно да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK